Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Две години реформи што донесоа мерливи резултати за пациентите

    14.07.2026 во 14:48

    Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие јавна функција

    14.07.2026 во 14:30

    Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

    14.07.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Две години реформи што донесоа мерливи резултати за пациентите
    • Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие јавна функција
    • Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз
    • Филипче: Наместо да се бори за Македонија меѓу европските лидери во Париз, Мицкоски остана дома
    • Ослободителна пресуда за Груевски во Талир 2: Кривичен суд даде објаснување
    • ВИДЕО: Речиси целосно пробиена трасата на бул „Борис Трајковски“ кон Драчево
    • Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
    • Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Две години реформи што донесоа мерливи резултати за пациентите

    Клековски: Две години реформи што донесоа мерливи резултати за пациентите

    14.07.2026 во 14:485 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија денес презентираше отчет за сработеното во изминатите две години – период во кој беа реализирани значајни реформи, обезбедени рекордни вложувања во здравството и воведени политики што директно го подобруваат пристапот на граѓаните до здравствените услуги.

    Во споредба со крајот на 2023 година, Фондот обезбеди 8,6 милијарди денари повеќе за здравствениот систем, при што вкупните средства пораснаа од 42,9 на 51,5 милијарди денари, односно за 20 проценти. Истовремено, учеството на здравствениот буџет во БДП се зголеми од 4,80% на 4,95%.

    Најголемо вложување во примарната здравствена заштита досега

    Во април 2025 година беше реализирано најголемото зголемување на капитацискиот бод во поновата историја на Фондот.
    – капитацијата за општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари (+33%);
    – за стоматологија од 61 на 75 денари (+23%).

    Оваа мерка е вредна околу 1,1 милијарда денари годишно, а вкупната капитација е зголемена за повеќе од 900 милиони денари, односно 21 процент. Паралелно со тоа, беа воведени нови превентивни цели за матичните лекари – рано откривање на рак на простата и дебело црево, скрининг на менталното здравје и проширени превентивни прегледи кај децата.

    Повисоки плати за здравствените работници

    Во изминатиот период платите во јавното здравство беа зголемени во три последователни чекори:
    – 10% во ноември 2024 година;
    – 5% во март 2025 година, по постигнатата Спогодба со синдикатите;
    – 6% во март 2026 година.

    Со тоа е остварен кумулативен номинален раст од 22,4 проценти, односно околу 16 проценти реален раст над инфлацијата.

    Рекордни средства за болниците и современите терапии

    Средствата за јавните здравствени установи се зголемени од 26,2 на 32,5 милијарди денари (+23,8%), додека средствата за универзитетските клиники пораснаа за 32,8 проценти.

    Во 2025 година беа обезбедени и рекордни условни буџети од 4,82 милијарди денари, што претставува раст од 38 проценти за само една година. Од нив:
    – 4,4 милијарди денари се наменети за современи и иновативни лекови;
    – 2,4 милијарди денари за онколошка терапија;
    – 1,36 милијарди денари за лекување на детски болести.

    Овие средства овозможуваат воведување нови интервенции и современи терапии без дополнителен финансиски товар за пациентите.

    Истовремено, бројот на реализирани болнички услуги продолжи да расте. Во текот на овој периодот се реализирани 194.230 болнички случаи по ДСГ, што претставува раст од 5,1 процент, додека кардиохируршките интервенции се зголемени за 15 проценти. Позитивната листа конечно почна да се проширува

    По повеќе од една деценија застој, започна суштинско проширување на Позитивната листа

    Во изминатите 15 месеци се воведени 13 нови лекови, меѓу кои антикоагулантна, кардиоваскуларна, терапија за депресија и деменција, како и современи онколошки лекови, со дополнителен буџет од 5 милиони евра. Истовремено, преку генеричка конкуренција беше намалена референтната цена на инхалациската терапија беклометазон/формотерол од 2.715 на 1.915 денари, со што се обезбедува годишна заштеда од околу 46–49 милиони денари, средства што се пренаменуваат за финансирање нов современ лек.

    Во интерес на пациентите, два онколошки лека беа префрлени на примарната позитивна листа, со што се избегнуваат околу 11.000 непотребни патувања и специјалистички прегледи годишно само за препишување рецепт.

    Побрз и поширок пристап до лекување

    Во областа на лекувањето во странство:
    – реализирани се 290 лекувања, што е раст од 19 проценти;
    – одбиените барања се намалени за 61 процент;
    – рокот за одлучување е скратен од 45 на 30 дена.

    Значително се проширија и правата за биомедицинско потпомогнато оплодување, при што бројот на обиди се зголеми од три на шест, а постапката е целосно поедноставена.

    Дополнително:
    – бројот на корисници на медицинска рехабилитација е зголемен за 7,6 проценти;

    – дијализните третмани се зголемени за 5 проценти, со воведување две нови современи методи.

    Фондот – институција во служба на граѓаните

    Фондот денес е рангиран како најтранспарентна институција во државата, што претставува огромен скок од 45-то место во 2024 година. Во исто време, институцијата денес опслужува 465 повеќе договорни здравствени установи, и тоа со 29 вработени помалку, додека бројот на контроли е значително зголемен, особено кај боледувањата, каде што се реализирани двојно повеќе контроли.

    Благодарност

    Остварените резултати се производ на заедничка работа, посветеност и партнерство. Особена благодарност заслужуваат сите вработени во Фондот – во Централната служба и во подрачните служби низ целата држава. Со помал број извршители, а со значително
    поголем обем на работа, тие секојдневно покажуваат дека јавната администрација може да биде ефикасна, професионална, одговорна и целосно посветена на граѓаните.

    Благодарност упатуваме и до здравствените работници во јавните и приватните здравствени установи, до Министерството за здравство и Владата за партнерскиот однос во реализацијата на реформите, до синдикатите за конструктивниот социјален дијалог, до
    матичните лекари, аптеките и договорните здравствени установи кои секојдневно се најблиску до пациентите, како и до медиумите, чии прашања и професионален пристап придонесуваат институциите да бидат уште поотворени, потранспарентни и поодговорни. Најголемата благодарност им припаѓа на осигурениците и пациентите. Нивната доверба е најголемото признание за нашата работа, но и најголемата обврска што ја носиме. Директорот на Фондот, г. Сашо Клековски, порача:

    „Фондот денес го оставаме финансиски посилен, институционално потранспарентен и многу поблизок до пациентите отколку што го затекнавме. Зад секоја бројка во овој извештај стои човечки живот, навремено лекување и поголема сигурност за граѓаните. Тоа е најголемата вредност на се што заедно го направивме во изминатите две години. Овие резултати не се крајна цел, туку темел врз кој ќе продолжи понатамошното унапредување на здравствениот систем – со нови лекови, повеќе дигитални услуги и уште подобра здравствена заштита за секој пациент.“

    Прочитај повеќе

    Беким Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

    14.07.2026 во 14:25

    Филипче: Наместо да се бори за Македонија меѓу европските лидери во Париз, Мицкоски остана дома

    14.07.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.