Close Menu
Press24
    Најново

    Песков предупредува: Нападите со беспилотни летала врз гасоводите може да доведат до глобална криза

    19.03.2026 во 11:47

    Утре неработен ден – Потоа 4 дена одмор, наскоро уште еден споен викенд

    19.03.2026 во 11:37

    Италија пресече: Владата ги намали даноците, горивата поевтинуваат

    19.03.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Песков предупредува: Нападите со беспилотни летала врз гасоводите може да доведат до глобална криза
    • Утре неработен ден – Потоа 4 дена одмор, наскоро уште еден споен викенд
    • Италија пресече: Владата ги намали даноците, горивата поевтинуваат
    • Савески: Секој предмет има еднакво значење, нема селективна правда
    • Орбан: Нема пари за Украина додека не ни ја пуштат нафтата
    • Морска опсада: Русија воведува воена придружба за трговските бродови – Медитеранот на чекор до еколошка катастрофа
    • Идниот месец по 1000 денари плус за секој пензионер
    • Рекордни цени на нафтата – од понеделник одиме над 100 денари?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони

    Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони

    28.12.2025 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

    Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

    Првата блокада ќе трае до 16 часот по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе го затворат граничниот премин од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

    Во деновите околу Божиќ беа отворени автопатишта и гранични премини, а земјоделците од вчера одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција и се очекува и за Нова година, односно од вторник до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

    Од 57 блока низ цела Грција, 14 од нив, како и четири земјоделски здруженија, по состаноците одржани вчера бараат дијалог со Владата, објаснувајќи дека ова не значи дека се отцепуваат од заедничкиот фронт и појаснуваат дека станува збор за иницијатива за создавање услови за започнување дијалог.

    Меѓу овие 14 блокови кои поддржуваат дијалог се и земјоделците на граничниот премин Евзони.

    Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.