Повеќе делови од Скопје вечерва осум часа ќе останат без струја

Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја.

Според објавата на Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати.

Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница.

Во период од 8:00 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Орман, а од 8:00 до 15:00 часот дел од корисниците од кружниот тек кон патот за село Кучково, општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Никола Малешевски“ зграда бр.39 во општина Чаир, а од 8:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Ферид Бајрам“ од бр.20 до бр.28 во општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

31.07.2024 - 19:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега