Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените врнежи во изминатите 24 часа. Најмногу дожд наврнал во Маврови Анови со 18 литри на метар квадратен, по што следат Гевгелија со 17 литри и Пожаране и Попова Шапка со по 16 литри.
Пообилни врнежи имало и во Берово (15 л/м²) и Тетово (14 л/м²). Во Скопје (Петровец) се измерени 4 литри, додека на Зајчев Рид само 1 литар. Утринската температура низ земјата се движи од 4 до 14 степени.
УХМР и за денеска најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Се предупредува дека наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа), со услови за појава на невреме проследено со грмежи и силен јужен ветер.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје се очекуваат повремени врнежи, умерен јужен ветер и максимална температура до 18 степени.

