Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе спроведува мерки за посебен режим на сообраќај поради верскиот празник Митровденска задушница.
Мерките се однесуваат на сообраќајниците околу градските гробишта Бутел, како и на гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
За гробиштата Бутел, режимот е кружен и еднонасочен, со почеток од 6:00 часот денеска.
Возилата се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.
За излез, рутата е: десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

