Во текот на вчерашниот ден, во Европскиот парламент учествував на Европската лидерска конференција и свое обраќање имав на панелот посветен на стабилноста на Балканот и Европска безбедност, информираше на ФБ портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Недвосмислено истакнав дека европска безбедносна иднина не може да биде комплетна без Западниот Балкан.

Македонија, но и регионот, имаат долг пат зад себе, исполнет со предизвици, неуспеси и моменти на сомнеж, но, покажавме упорност, храброст и силна верба во европската идеја темелена на вредности, не на непринципиелни барања“, истакна Митева во објавата на ФБ.

Exit mobile version