Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пороен дожд, грмежи и град ги зафати Скопје, Штип и Дебар

    Пороен дожд, грмежи и град ги зафати Скопје, Штип и Дебар

    30.06.2026 во 13:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Невреме проследено со поинтензивни процеси, пороен дожд, засилен ветер и локална појава на град попладнево ја зафати Скопската Котлина, а облачната маса брзо се движи кон западните делови од државата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека јадра на нестабилност во моментов има и во источниот и во дебарскиот регион.

    Синоптичарите излегоа со прецизни детали за насоката на движење на облачноста.

    „Во Скопската Котлина има поинтензивни процеси со пороен дожд, појава на грмежи, засилен ветер и наместа појава на град. Нестабилната облачна маса е со правец на движење од исток кон запад и се движи кон Полошкиот регион“, соопштуваат од УХМР.

    Паралелно со Скопје, силни врнежи и електрични празнења се регистрирани и во уште неколку поголеми градови и региони низ Македонија.

    „Западно од Штип во Штипското поле и во Дебарскиот регион има поинтензивни врнежи на пороен дожд, појава на грмежи, засилен ветер и можна појава на град“, се наведува во официјалниот метео-извештај.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.