Close Menu
Press24
    Најново

    Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

    13.05.2026 во 12:06

    УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме

    13.05.2026 во 11:54

    Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    13.05.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
    • УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме
    • Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница
    • Аларм во Германија: Автомобилската индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година
    • Ковач: Србија не смее да се откаже од ЕУ, проширувањето е поттик за реформи
    • Цената на нафтата продолжува да расте
    • Напад врз нафтената инфраструктура: Украински дронови го погодија терминалот во Краснодар
    • Французинка на апарати за одржување во живот, бројот на заразени расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пораз на македонските ракометарки од Египет на Трофеј Македонија

    Пораз на македонските ракометарки од Египет на Трофеј Македонија

    19.09.2025 во 23:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Минимален пораз од 18:19 од Египет претрпеа македонските ракометарки во дуелот од второто коло на Трофеј Македонија што се игра во Охрид.

    Во првото полувреме македонските ракометарки имаа водство, кое сепак на крајот од овој период не успеаја да го сочуваат и на полувреме беше 10:10. Тешко одеше нападот на нашата репрезентација и во воведните минути од вториот дел, а одбраната беше на ниво, па ниту противникот не успеваше да дојде до предност. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат 16:16 и вистинска драма. Во 56.та минута македонските ракометарки за првпат поведоа со 18:17. При 18:18 Египет не реализраше седмерец на 70 секунди до крајот. Во последниот напад на Македонија голманката на Египет Осман имаше две одбрани, а на 10 секунди до крајот Египет со нов седмерец дојде до победата.

    Во првиот дуел од денешната програма Тунис – Грција 26:26. Ракометарките на Тунис пропуштија да слават победа особено што во последните 80 секунди водеа со 26:22, но Грција ги казни грешките и со гол во последната секунда избори нерешен резултат.

    По второто коло Грција е прва со 3 бодови, Македонија и Египет имаат по 2, а Тунис е последен со 1 бод.

    Утре на Трофејот Македонија во првиот натпревар од 14 часот ќе играат Тунис и Египет, а во вториот натпревар македонската репрезентација ќе игра против Грција

    Прочитај повеќе

    Почина Сами Адеми – доајен на спортското новинарство

    06.05.2026 во 22:27

    Фудбалскиот свет завиен во црно: Почина Александар Манингер, легендарниот голман на Арсенал и Јувентус

    16.04.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.