Close Menu
Press24
    Најново

    Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

    14.11.2026 во 12:29

    Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот

    14.11.2026 во 12:08

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата
    • Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот
    • Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница
    • Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди
    • Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет
    • ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги
    • СДСМ: Власта ги изгласа измените на Законот за јавни набавки, се отвора врата за тендери без контрола
    • Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, завршени градежните работи кај Пресека
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

    Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

    14.11.2026 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски е во паника поради случувањата со Алта банка и се обидува да ја замолчи опозицијата со закани и кривични пријави, обвини на денешната прес-конференција членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ.

    Според нејзините наводи, Мицкоски и гувернерот Трајко Славески ја донеле оваа банка во земјава, со што, како што тврди опозицијата, ги загрозиле парите на граѓаните и банкарскиот систем.

    „За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата“, изјави Поповиќ.

    Таа посочи дека власта најпрво ја обвинувала СДСМ за хистерија и саботажа, за потоа преку Славески да поднесува кривични пријави, а сега премиерот да најавува законски измени и кривично гонење поради, како што вели, кажаната вистина за банката.

    „Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција“, нагласи Поповиќ, додавајќи дека СДСМ уште пред 11 месеци предупредувала за овој случај.

    На крајот од обраќањето, таа оцени дека власта сака да воспостави контрола врз слободата на говорот и медиумите, порачувајќи дека партијата нема да се повлече.

    „Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш“, заклучи Поповиќ.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55

    ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги

    14.11.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.