Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот

    14.11.2026 во 12:08

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55

    Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди

    14.11.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот
    • Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница
    • Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди
    • Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет
    • ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги
    • СДСМ: Власта ги изгласа измените на Законот за јавни набавки, се отвора врата за тендери без контрола
    • Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, завршени градежните работи кај Пресека
    • Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот

    Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот

    14.11.2026 во 12:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите на Каменик во Општина Кисела Вода ќе добијат систем за водоснабдување преку заеднички проект на локалната самоуправа и Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека по поставувањето на подземната инсталација ќе следи и асфалтирање на патот.

    „Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт“, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека се работи плански и систематски, упатувајќи благодарност до градоначалничката, општинските советници, пратениците, колегите од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

    „Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните“, порача премиерот.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55

    Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди

    14.11.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.