Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

    Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

    07.08.2026 во 12:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

    Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат.

    Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг.

    На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец.

    Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира.

    Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните.

    Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти.

    Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%.

    Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики, додаде Попов.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.