Попов: 120 денари за студентски оброк се малку

Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Студио 10 на телевизија 24, вели дека субвенционираниот студентски оброк е донесен во собранието со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но измените каде што се кратат средствата за ова законско решение се на предлог на владејачкото мнозинство на СДС, додавајќи дека откако не успеа да го сокријат ова, почнаа да ретерираат со студентите.

„Субвенционираниот оброк беше донесен со консензус од сите политички партии, додека пак измените не беа донесени со консензус, туку само од страна на владејачкото мнозинство бидејќи ние сметавме дека тие измени во тој момент не се потребни. Убаво ќе беше да се каже дека овие измени кои што се предложија, направија студентски револт и ги испровоцираа студентите.  Па откако видоа дека студентите реагираат, односно не успеа предлог решението да помине под радар, потоа се случи да ретерираат“, рече Попов.

Во однос на вчерашната средба на студентите со Ковачевски и пратениците од владејачкото мнозинство, Попов потенцираше дека на средбата воопшто ништо не се договориле, односно како што рече тој се договорија дека ќе се договорат, а не ја договориле сумата на оброкот бидејќи 120 денари лани и 120 денари сега не е исто поради големата инфлација.

„Имаме две групи на студенти, оние од Универзитетско студентско собрание и од група студенти од студентски отпор. Едните се задоволни, другите не се задоволни. Јас би рекол студентите во глобала генерално не се задоволни од ова решение бидејќи на вчерашната средба они не се договорија ништо, односно се договорија дека ќе се договорат. Договорија дека ќе се исплаќаат некои средства ретроградно до март месец, но не ја договорија сумата на субвенционираниот студентски оброк, а 120 денари лани и 120 денари  не вредат исто поради инфлацијата“, додаде тој.

15.11.2022 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега