Попладне најавено невреме: Силен ветер, дожд и грмежи, а од вторник промена
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.
Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа