Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поништен големиот тендер за набавка на 150 електрични автобуси, Министерството за транспорт најави нова постапка

    Поништен големиот тендер за набавка на 150 електрични автобуси, Министерството за транспорт најави нова постапка

    22.05.2026 во 15:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение со кое целосно ја поништи јавната набавка за набавка на електрични автобуси и полначи.

    Од Министерството за транспорт веднаш излегоа со став и најавија дека целиот процес ќе биде обновен за многу кратко време.

    „Министерството за транспорт Ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, се наведува во соопштението.

    Претходно, за најповолен понудувач на овој јавен повик за 150 еколошки возила и 75 полначи беше избрана понудата на унгарски „Икарус“ и австриски „ЕВН“.

    Цената по возило според тогашните пресметки изнесуваше 19.350.000 денари, односно околу 314 илјади евра по автобус, што тогаш беше оценето како конкурентно на пазарот.

    Според првичната одлука, компанијата „Икарус“ требаше да ги испорача електричните автобуси, додека „ЕВН“ беше задолжена за поставување на станиците за полнење.

    Техничките спецификации налагаа автобусите да имаат моќност од најмалку 300 kW, капацитет за минимум 66 патници и автоматски систем за ладење и греење.

    Во договорот беше предвидено избраниот оператор да врши тековно одржување и сервисирање, како и да обезбеди резервни делови во период од 10 години.

    Планот предвидуваше првите 30 автобуси и 15 станици да пристигнат во рок до шест месеци, а останатите возила сукцесивно во наредните 12 и 18 месеци.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.