Општина Чаир испрати количина вода за пиење за жителите на Гостивар, со цел да помогне во справувањето со отежнатото снабдување со вода во градот.
Од Општината информираат дека помошта е наменета за поддршка на граѓаните погодени од актуелната состојба и претставува придонес во задоволувањето на нивните тековни потреби.
„Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да обезбеди дополнителна поддршка, согласно потребите и развојот на состојбата“, нагласуваат од Општината.


