Помош од 300.000 денари од општина Ѓорче Петров за Турција и Сирија

Општина Ѓорче Петров ќе додели 300.000 денари солидарна помош за санирање на последиците од земјотресите што ги погодија Република Турција и Сирија, информираат од општината.

-Оваа одлука беше донесена на денешната вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров на која единствена точка на дневен ред беше финансиската помош. Средствата ќе се спроведат преку Црвениот крст, односно преку посебен Фонд за солидарност, соопштуваат од општина Ѓорче Петров.

Оттаму известуваат дека иницијативата била градоначалникот Александар Стојкоски, која веднаш била прифатена од страна на претседателката на Советот, Ленче Нелоска и едногласно изгласана од советниците.

На седницата и претходеше едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите.

-Градоначалникот Стојкоски, советниците и администрацијата уште еднаш изразуваат жалење за загубата на човечките животи во оваа природна непогода со големи размери, истакнуваат од општината.

09.02.2023 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега