Половина од популацијата во Израел вакцинирана со првата доза- 35% добија „зелени приопусници“ за патување

Израел вакцинираше скоро 50 проценти од своите 9,3 милиони жители со една доза вакцина против ковид19 - изјави денеска израелскиот министер за здравство Јулиус Еделштајн.

Во тој број има и Палестинци од источен Ерусалим, кои беа вклучени во кампањата за имунизација што започна на 19 декември.

Палестинците во окупираниот Западен брег и Појасот Газа не се дел од израелската кампања, пренесува Ројтерс.

Еделштајн рече дека 35 проценти од израелското население ги примиле двете дози на вакцината Фајзер и ја добиле таканаречената „зелена пропусница“, што им овозможува пристап до места за забава што земјата постепено ги отвора.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега