Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полни страници – што пишуваат регионалните медиуми за сообраќајката во Словенија во која загинаа 3 Македонци

    Полни страници – што пишуваат регионалните медиуми за сообраќајката во Словенија во која загинаа 3 Македонци

    28.08.2026 во 09:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешката сообраќајна несреќа на приморскиот автопат во Словенија, во која загинаа тројца македонски државјани, а двајца беа повредени, доби големо внимание во медиумите во Словенија, Србија и Хрватска. Додека српските и хрватските портали главно ги пренесуваат официјалните информации на словенечката полиција, словенечките медиуми утрово објавуваат и дополнителни, засега неофицијални детали.

    Словенечкиот Žurnal24, повикувајќи се на Заводот „Reševalni pas“, објави дека меѓу загинатите наводно има и деца. Порталот јасно наведува дека станува збор за неофицијална информација. Полицијата досега не ги објавила возраста и идентитетот на жртвите и не потврдила дека меѓу нив има малолетници.

    Истовремено, словенечкиот 24ur пишува дека додека на местото траело спасувањето на преживеаните и идентификацијата на починатите, дел од луѓето кои останале заглавени во огромната колона се однесувале неодговорно. Некои излегувале од автомобилите, се движеле по автопатот и го отежнувале формирањето на спасувачкиот коридор. Заводот „Reševalni pas“ објавил и снимки на кои се гледаат луѓе кои скокаат со јаже, седат на покрив на камп-возило, а дел од возачите се обидуваат да ги свртат автомобилите среде автопатот.

    Според N1 Slovenija, едниот од двајцата преживеани бил тешко повреден и со хеликоптер бил пренесен во болница. Вториот повреден е возачот на автомобилот, кој бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош. Засега нема понова официјална информација за нивната здравствена состојба.

    Slovenske novice ја пренесува првичната полициска реконструкција според која товарното возило поради дефект било запрено во одставна ниша. Автомобилот во кој се превезувале петтемина македонски државјани потоа удрил во задниот лев дел од приколката. Три лица починале на самото место. На увидот биле повикани и државна обвинителка и истражна судијка.

    И Siol.net трагедијата ја стави меѓу главните вести, наведувајќи дека автопатот меѓу Унец и Равбаркоманда бил затворен повеќе часа, а сообраќајот кон Копер бил воспоставен дури доцна вечерта.

    Веста брзо се прошири и во Србија. Telegraf.rs објави дека „тројца државјани на Северна Македонија загинале во тешка сообраќајна несреќа кај Унец“, пренесувајќи ги деталите на Полициската управа Копер за ударот во приколката на запрениот камион. Српскиот медиум засега нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите.

    Во Хрватска, Index.hr веста ја објави со наслов „Тројца Македонци загинаа на автопат во Словенија, удриле во камион“. И таму се наведува дека сите пет лица во автомобилот биле македонски државјани и дека еден од повредените бил пренесен со хеликоптер.

    И хрватскиот 24sata ја пренесе трагедијата под наслов „Тешка несреќа во Словенија: Тројца Македонци загинаа во судир“, наведувајќи дека камионот бил запрен поради дефект кога дошло до ударот.

    Засега, и покрај големиот интерес на регионалните медиуми, нема официјално објавени имиња, возраст или место на живеење на тројцата загинати, ниту потврда дали петтемина патници биле членови на едно семејство. Најзначајниот нов детал што го објавуваат словенечките медиуми е неофицијалната информација дека меѓу жртвите има и деца, но до официјална потврда од словенечката полиција таа информација треба да се третира со резерва.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.