Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода

 

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици  дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце.

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.

13.07.2024 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега