Полициски службеници од СВР Куманово во текот на вчерашниот ден и ноќеска приведоа две лица осомничени за тешки кражби.

Ноќеска, во раните утрински часови (01:45 часот), полицијата го фатила на дело 30-годишниот А.С. од селото Романовце. Тој бил затекнат внатре во куќа во истото село, сопственост на Х.Ш., додека се обидувал да одземе предмети.

Претходно, вчера попладне во 16:40 часот, лишен од слобода е и У.З. (32) од Куманово. Тој се сомничи дека на првиот ден од новата година насилно влегол во деловен простор на градскиот плоштад „Нова Југославија“ и извршил кражба. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе заработат соодветни пријави.

Exit mobile version