Полицијата во Тетово ќе едуцира ученици за правилно возење на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Тетово, од вчера започна со практична реализација на нов превентивно-едукативен проект „Не седнувај зад волан без положен возачки испит и безбедно управувај со мотоцикл“, чие мото е „Заштити се себе си и другите“. Со проектот, чиј иницијатор и носител е Отсекот за превенција, ќе бидат опфатени околу 2500 ученици од втора година од тетовските и гостиварските средни училишта.

– Стручно обучени полициски службеници на учениците ќе им ја образложат потребата од задолжително посетување обука за возачи и полагање на предвидениот испит за стекнување со возачка дозвола. Покрај ова, исто така, учениците ќе ги запознаат и со законските импликации доколку управуваат возила без положен испит и валидна дозвола. И тоа не само тие, туку и оние кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На предавањата учениците ќе бидат информирани и за тоа како најбезбедно да управуваат мотоцикл и што се треба да поседуваат и носат од заштитна опрема. Целта на проектот е да се подигне соообраќајната свест и култура на оваа категорија средношколци кои деновиве се во значителен број присутни на патиштата и улиците во Полошкиот регион.

04.05.2022 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега