Вкупно 7.107 парчиња пиротехнички средства се запленети денеска при акциска контрола на полицијата на влезот на скопскиот Бит Пазар.

Нелегалната стока била изложена на три импровизирани тезги, но продавачите не биле затекнати на лице место.

Полицијата ги одзеде предметите и презема мерки за идентификација и пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Денеска (08.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје- ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги. Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.“

Exit mobile version