Полицијата спречи катастрофа: Пред неговата куќа се договарале да му постават експлозив

 

Денеска бил уапсен 52-годишниот Г.Ц. од село Мала Речица, тетовско откако до полицијата стигнала дојава дека сакал да постави експлозив пред куќа во село Доброште.

Инцидентот се случил ноќва, во 03:20 часот, кога пријавителот, жител на тетовско село, слушнал како осомничениот пред неговата куќа разговара со друго лице за поставување на експлозив.

Од СВР Тетово известуваат дека во текот на истрагата, околу 10:15 часот, полициските служби пронашле две неексплодирани рачни бомби покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот. Бомбите биле безбедно отстранети од страна на стручни лица.

Г.Ц. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истражните органи продолжуваат со документирање на случајот.

24.10.2024 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега