Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки.
Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари.
Актуелно
- Пробиштипјанец кривично ќе одговара – не застанал на даден знак од полицијата, па нападнал полицаец
- Армијата е подготвена: Сиљановска-Давкова и Мисајловски добија извештај – Македонија е безбедна и модерна
- „Макам-транс“ попладнево на состанок одлучува за идните чекори на превозниците од државата
- Хорор татко од Куманово: Си го малтретирал малолетното дете и го избркал од дома
- „Ало, ќерка ви треба итно да се оперира“ – штипјанка остана без 2.600 евра поради лажен повик
- Кузманоска: „Безбеден град“ е проект во служба на граѓаните и не смее да биде предмет на етничка манипулација
- Николоски со одлични вести од Брисел: Нашите ставови се прифатени, возачите конечно се признати како професионалци
- Силувачите на 13-годишното девојче од Неготино завршија зад решетки

