Шеесет и тригодишен тетовец и 22-годишно момче од Крива Паланка ноќеска завршија во полициска станица откако биле фатени како управуваат возила под силно дејство на алкохол.
Првиот случај е регистриран во Гостивар, вчеравечер пред полноќ (23:55 часот). Полицијата запрела „ауди“ со скопски таблички кое го управувал Т.З. (63) од Тетово. Алкотестот покажал високи 1,77 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во 02:00 по полноќ, во Крива Паланка е приведен В.П. (22). Тој управувал „опел“ со 1,56 промили алкохол.
„Полициските службеници веднаш ги исклучиле возачите од сообраќај и ги задржале во полициска станица“, информираат од МВР.

