Двајца полицајци, маж и жена од српска националност, се експресно суспендирани од работа во Косовска Митровица откако биле фатени како имаат интимна врска во текот на работното време.

Станува збор за полициските службеници Н.П. и Р.Т., кои биле затекнати целосно голи во автомобилот, а ги откриле припадници на друга единица на косовската полиција. По инцидентот на терен, случајот веднаш бил пријавен кај надлежните органи, кои експресно донеле одлука за тридневна суспензија и им изрекле дисциплинска мерка. Како дополнителна казна за прекршување на должноста, еден од полицајците веќе е прераспределен на друго работно место.

Exit mobile version