Иако сонцето се појави во делови од земјава, температурите остануваат поларни. Според најновите мерења на УХМР во 16:00 часот, Попова Шапка е најстуденото место во земјата со измерени -11,5 степени. Слична е состојбата и во Крушево каде термометарот во попладневните часови покажа -9,5 степени.

Дури и во градските средини студот не попушта. Во Битола и Прилеп во 16 часот се измерени -2,5 степени, додека во Охрид температурата изнесуваше -3,3 степени. Во главниот град, на мерната станица Скопје-Петровец, во 16 часот е измерена температура од само 1,1 степен.

Exit mobile version