Од електродистрибуција информираат дека поради технички зафати, реконструкција на мрежата и инвестициски активности во електродистрибутивниот систем, утре (среда, 08.10.2026 година) без струја ќе останат неколку делови од главниот град и околните општини.

Прекините се најавени во следните термините и локации:

  • Општина Илинден: Од 08:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат дел од Мралино, дел од Кадино, бензинската пумпа „Дади компанија“ и дел од Дрма.
  • Општина Петровец: Од 08:30 до 15:00 часот, поради реконструкција на нисконапонски извод од трафостаницата во село Горно Блаце, без напојување ќе останат дел од потрошувачите во село Горно Блаце и Петровец.
  • Општина Кисела Вода: Од 10:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на улицата Караџица во населбата Пржино.
  • Општина Аеродром: Од 16:30 до 19:00 часот, без струја ќе биде објектот на булеварот Јане Сандански бр. 109А, каде што е сместен „Интерспаце“.

Од надлежните служби апелираат граѓаните од наведените реони навремено да се подготват за прекините во снабдувањето.

Exit mobile version