Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поевтинува училишниот прибор

    Поевтинува училишниот прибор

    25.08.2026 во 15:27Updated:25.08.2026 во 15:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на денешната седница донесе одлука со која се задолжуваат трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од денеска, па сè до 30 септември 2026 година, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

    Според одлуката, трговците на големо имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, додека во трговијата на мало намалувањето мора да биде најмалку 15 проценти.

    „Со почетокот на новата учебна година, една од нашите цели е да им помогнеме на семејствата да ги намалат трошоците и да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Токму затоа, Владата на денешната владина седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор, во периодот од објавување на одлуката во ‘Службен весник’, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година“, истакна Митева.

    Мерката опфаќа ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери, текст-маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари, дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки, картонски ташни и материјали за изработка.

    Од Владата нагласуваат дека трговците ќе мора да обезбедат целосна транспарентност при истакнувањето на цените на производите.

    „Особено важно е што со одлуката се обезбедува и транспарентност во однос на намалувањето. Трговците се должни покрај новата, намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година. Затоа што, токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето“, објасни таа.

    Одлуката стапува на сила со објавувањето во „Службен весник“ и ќе важи во текот на целиот следниот месец.

    „Ова е конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во период кога имаат зголемени трошоци за подготовка на децата за новата учебна година. Намалувањето на цените на училишниот прибор е уште еден чекор во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните, како и намалување на притисокот врз семејниот буџет. Нашата цел е јасна, родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски цени, со јасно прикажана базична, но и намалена цена и со правила кои важат подеднакво за сите трговци“, заклучи Митева.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.