Подобрете си ја крвната слика, спречете анемија, рахитис, висок крвен притисок: Рецепт за лековито кафе

 

Наместо инстант пијалок кој ќе ви даде бустер енергија, а потоа и чувство на замор и вознемиреност, обидете се да консумирате поздрави верзии на кафе кои можат да го закрепнат телото.

Лековитите својства на дабовите желади се познати уште од триесеттите години, а приказните на бабите за тоа како тоа им помогнало да се ослободат од високиот крвен притисок, анемија, рахитис, гихт се слушаат од сите краишта на регионот.

Вака гласи едноставен рецепт кој можете да го направите без проблем

Соберете килограм дабови желади, излупете ги, исечкајте ги и пржете во рерна 30 минути, па оставете ги целосно да се изладат. Ставете ги во стаклена тегла и затворете ги. Следниот ден сомелете ги како стандардно зрно кафе, во мелница, па варете во ѓезве со 150 мл вода додека не зоврие. Кога ќе зоврие ставете мелени желади и оставете неколку минути.

Наместо црно кафе или инстант пијалоци, кафето од желад ќе ви даде енергија, а освен тоа нема негативно да влијае на концентрацијата, туку ќе имате сила за обврските во текот на целиот ден, што не е случај со пијалоците кои содржат кофеин.

Придобивките од печеното кафе од желад:

- Спречува нарушувања на тироидната жлезда;

- Спречува анемија;

- Помага при менструални грчеви;

- Го намалува крвниот притисок;

- Ја ублажува болката во зглобовите;

- Го зголемува расположението и концентрацијата;

- Ја подобрува општата состојба на организмот.

Освен минерали, содржи и масти, протеини, јаглехидрати и азот.

Ако сакате поблаги пијалоци, можете да додадете малку кафеав шеќер или бадемово млеко.

15.01.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега