Подметнати пожари и обид за саботажа, со цел да се парализира Париз за Олимписките игри
Француската железничка компанија (SNCF) соопшти дека нејзината брза железничка мрежа била нападната за да се парализира системот на денот на отворањето на Олимписките игри.
Цел на нападот биле неколку брзи линии на запад, север и исток од Париз, а на железничката станица Монпарнас се формирале долги редици.
„Пожарот ги оштети инсталациите, а нашите тимови се веќе на лице место за да извршат проценка и да започнат со поправки“, соопшти SNCF, додавајќи дека станува збор за „масовен напад чија цел е парализирање на железничката мрежа“.
Повеќе брзи возови ќе бидат пренасочени кон „конвенционалните линии“. Нормализирање на сообраќајот се очекува дури во понеделник.
Патрис Вергрите, министерот за транспорт, го осуди ова како „криминален чин“.
Амели Удеа Кастера, министерка за спорт, изјави дека станува збор за „страшен напад“ и дека моментално се проценува влијанието врз граѓаните, но и врз самите спортисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа