Времето утре наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер.
Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.


