Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека вчера е одредена мерка краткотраен притвор за две лица, кои се сомничат за поврзаност со огромната заплена на наркотици во соседна Србија.

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје го прифатил предлогот на обвинителството и им определил притвор во траење од 48 часа. „Како резултат на преземените дејствија и анализата на докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија“, информираат од Обвинителството.

Оваа мерка е побарана за да се обезбеди присуство на осомничените додека обвинителот ги презема неопходните дејствија за понатамошниот тек на постапката, со оглед на тоа што се работи за сложен предмет со меѓународен карактер.

Exit mobile version