По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.
Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности.
Актуелно
- (ФОТО) Од Зелен хуман град бараат да се најде кој носи кучиња од други градови во Скопје
- Средба Гаши – Дозлер: САД остануваат гарант за меѓународните верски слободи и мирот
- Димитровски: Вршиме притисок во Брисел, 50 предлози на маса за спас на македонските и балканските превозници
- Стојаноска: Парите за минималецот се кај Филипче на Водно, во Струмица и во Дубаи
- Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 15 отсто – соопшти Трипуновски
- Коњановски: Нови пешачки патеки за поголема безбедност во Битола
- Помош за најранливите: Отворен повик за лица со ретки болести во Битола
- Јаневска до универзитетите: Отворајте факултети за потребите на бизнисот, а не за „производство“ на невработени


