На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.
Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Коњановски: Нови пешачки патеки за поголема безбедност во Битола
- Помош за најранливите: Отворен повик за лица со ретки болести во Битола
- Јаневска до универзитетите: Отворајте факултети за потребите на бизнисот, а не за „производство“ на невработени
- Тошковски: Донација вредна милион евра од САД за „бомбашката единица“ – македонската полиција добива „челичен штит“ против тероризмот
- Муцунски од Тирана: Македонија е централна точка на Коридорот 8 – проектот станува европски приоритет за безбедност
- Полицијата прави чистка на патиштата: Шест возачи завршија во полициска станица – малолетник и жена меѓу приведените
- Со 63 гласа „за“ Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија
- Двајца македонски државјани завршија во притвор поради 5-те тони марихуана во Србија


