Времето утре променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.


