Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува „Розев Октомври“: Во Драчево трибина за превенција и рано откривање на ракот

    Почнува „Розев Октомври“: Во Драчево трибина за превенција и рано откривање на ракот

    18.09.2026 во 11:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „Хема-онко“, утре во Драчево организира едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.

    Настанот ќе се одржи со почеток во 13 часот во „Паркот на бранители“, а целта е подигнување на јавната свест за превенцијата, раното откривање и навременото лекување на малигните заболувања.

    На трибината ќе бидат споделени стручни совети, но и лични искуства. Свое искуство ќе сподели Наташа Бабулова, членка на „Хема-онко“ и лице кое се соочило со рак на дојка.

    На настанот ќе зборуваат и специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски, медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.

    Од Општина Кисела Вода ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на трибината и да се информираат за значењето на превенцијата и навремената дијагностика.

    Со овој настан започнува и кампањата „Розев Октомври“ во Општина Кисела Вода. Активностите ќе продолжат со уште една трибина на 26 септември, а кампањата ќе заврши со голем „Розов пикник“ на Школка во Градскиот парк.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота

    06.10.2026 во 21:36

    Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот

    06.10.2026 во 21:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.