Машко безживотно тело е пронајдено во објектот на поранешните оранжерии лоцирани на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид.

Случајот е регистриран на 6 декември во 16:20 часот. По преземените мерки за идентификација, полицијата утврди дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид.

За починатиот претходно била поднесена пријава во СВР Охрид дека се оддалечил од семејниот дом на 4 декември.

„По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција“, информираат од полицијата.

Exit mobile version