Скопјанец на возраст од 65-години е загинатиот во синоќешната страшна несреќа која се случи на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.

– На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско, информираа од МВР за Скопје1.

За жал, на лице место починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. 

Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С. кој завршил на скопските Клиники.

Телото е дадено на обдукција.

Exit mobile version