Почина уште еден затвореник од затворот Идризово
Утрово почина уште еден затвореник од затворот Идризово, откако претходно МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден починал затвореник на кој преходно му се слошило.
Во 05.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О.(58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.
03.09.2024 - 17:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа