Идризово: На затвореник му се слошило - починал во болница

 

Вчера во 15.44 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен П.С.(67) од Скопје, осуденик во Казнено – оравната установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, околу 14.00 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

03.09.2024 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега