Почина славниот музичар Џеф Бек

Еден од највлијателните и најдобрите гитаристи Џеф Бек почина на 78-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Познатиот музичар беше член на групата „Yarbirds“, а потоа со Род Стјуарт го формираше бендот „Jeff Beck group“.

Бек неодамна беше на турнеја со актерот Џони Деп, каде го промовираше својот последен албум „18“.

Смртта на Бек е потврдена на официјалниот Твитер профил на легендарниот гитарист.

-Во име на семејството, со голема тага ја споделуваме веста дека почина Џеф Бек. По ненадеен напад на бактериски менингитис, тој почина вчера. Семејството бара приватност додека се справуваат со нивната голема загуба, гласи објавата.

Џеф Бек беше примен во Рокенрол Куќата на славните по втор пат во 2009 година.

12.01.2023 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега