Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина режисерот Сашо Миленковски

    Почина режисерот Сашо Миленковски

    29.06.2026 во 11:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер – потврдија од Драмскиот театар – Скопје.

    – Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмскиот театар – Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во Македонија и странство, афирмира современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет беше еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и до сите што имаа чест да соработуваат со него. Слава му!, стои во објавата на статусот на Драмскиот театар.

    Миленковски беше еден од четирите лауреати на наградата за животно дело на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, што се одржа во Прилеп од 5 до 12 јуни.

    Роден e во Битола на 28 ноември 1963 година. Во текот на речиси четири децении активна работа неговата режисерска креативност создава дела со трајна вредност оставајќи силен и препознатлив белег не само во домашната туку и во пошироката театарска сцена. Тој е дел од генерацијата режисери кои во раните 90-ти години донесоа нови естетски насоки и свеж творечки импулс во македонскиот театар. Неговата професионална кариера почнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988 – 1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка.

    Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година беше драматург во Драмскиот театар – Скопје, каде што активно учествува во креирањето на современиот репертоар. Во 1999 година Миленковски го основал театарот „Бабилон“.

    Миленковски остави повеќе од 50 режии на театарски претстави во Македонија, регионот и во Европа.

    Неговите претстави редовно се наградувани и селектирани на многу фестивали. Режира дела од Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, а значаен дел од неговото творештво беше посветено на современата македонска драма.

    Двапати ја добива наградата за најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ – во 1993 година за Game over (Народен театар – Куманово) и во 2007 година за „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски (Драмски театар – Скопје), при што и двете претстави се прогласени за најдобри во целина.

    Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“ од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски.

    Деталите за комеморацијата и погребот на Миленковски ќе бидат дополнително соопштени. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.