Почина легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал

Пако Франсиско Хенто, легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, почина на 88-годишна возраст.

Легендарното лево крило за Реал Мадрид во периодот од 1953 до 1971 година одиграл 428 натпревари, на кои постигнал 128 гола. Хенто е единствениот фудбалер што шестпати бил европски шампион.

Сите шест трофеи во Купот на европските шампиони ги освоил со Реал Мадрид. Со „кралскиот клуб“ 12 пати бил шампион на Шпанија, двапати победил во Купот на кралот.

Тој беше почесен претседател на Реал. Оваа функција ја наследи по смртта на големиот пријател и соиграч Алфредо ди Стефано.

Тие двајца го предводеа Реал до пет трофеи по ред во Купот на шампионите.

18.01.2022 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега