Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Коста Јаневски, еден од основачите на Радио „Антенна 5“ и филмски работник

    Почина Коста Јаневски, еден од основачите на Радио „Антенна 5“ и филмски работник

    27.10.2025 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Со огромна тага ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски,“ соопштија од Радио „Антенна 5“ преку својата официјална страница на Фејсбук.

    „Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5.�Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор во Антена 5 од 1994 година.

    Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.

    �Пред основањето на Антена 5, беше дел од програмата Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија.��Дипломира на Електротехничкиот факултет. Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други. ��Беше член на Друштвото на филмски работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија.

    Погребот ќе биде во вторник во 11:30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје.

    Антена 5 изразува најдлабоко сочувство на семејството и пријателите“, стои во соопштението од Антена 5.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.