Почина холивудскиот глумец Мел Новак, познат по „Игра на смртта“ со Брус Ли

 


Почина Мел Новак, холивудскиот глумец, можеби најпознат по својата улога на снајперистот во кинеско-американската филмска класика „Игра на смртта“ (Game of Death), од 1978 година, со Брус Ли како главна ѕвезда и режисер.

Американскиот глумец со српско потекло почина вчера наутро во установа за нега, од природна смрт, како што потврди неговата ќерка Никол Конант. Тој имаше 90 години.

– Во повеќедецениската кариера во Холивуд, Новак претрпе бројни повреди, бидејќи беше и каскадер. Секојдневно чувствуваше болка – особено изминативе неколку години, од тепањата што ги доби пред камера, вели Никол.

Новак зад себе има учество во околу 85 филмови, како и 16 американски и меѓународни филмски награди. Обично глумше негативец во повеќето негови филмови. Зад себе ги остави ќерките Никол и Леа, поранешната сопруга Вера Новак и повеќе внуци.

10.04.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега