Почина градоначалникот на Загреб - позната причината за смртта

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ изненадно почина рано утрово на 66 години од последица од срцев удар.

На Бандиќ му се слошило синоќа, Итната помош го однела во болница, каде починал и покрај напорите на лекарите да го реанимираат, пренесуваат хрватските медиуми.

„Живееше за својот град, за Загрепчаните кои во сѐ што правеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се целиот без исклучоци ја вршеше 21 година“, се наведува во соопштението на Град Загреб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега