Филипинската ѕвезда на TikTok, Еман Атиенца, ќерка на познатата ТВ водителка Ким Атиенца, почина на 19-годишна возраст. Веста за нејзината ненадејна смрт ја потврди семејството преку Инстаграм.

Семејството во соопштението изјави дека смртта на младата инфлуенсерка била „неочекувана“ и дека се длабоко потресени.

„Со голема тага ја споделуваме веста за ненадејната смрт на нашата ќерка и сестра Еман. Таа донесе толку многу радост, смеа и љубов во нашите животи и во животите на сите што ја познаваа“, напишаа нејзините родители Ким и Фелиција Атиенца, заедно со нивните деца Хозе и Елијане.

Еман беше пронајдена мртва во дом во Лос Анџелес, потврдија медицинските картони на округот Лос Анџелес. Според извештаите на локалните медиуми, таа починала на 23 октомври, откако се преселила во градот дури во август.

Еман Атиенца беше позната по својот отворен пристап кон проблемите со менталното здравје. Таа имаше повеќе од 856.000 следбеници на TikTok, а нејзините видеа имаа речиси 50 милиони лајкови.

Во соопштението со кое ја објави нејзината смрт, нејзиното семејство рече: „Еман имаше посебен начин да ги натера луѓето да се чувствуваат видени и слушнати. Таа не се плашеше да ги сподели сопствените борби со менталното здравје, а нејзината искреност им помогна на многумина да се чувствуваат помалку осамени“.

Тие додадоа дека во нејзина чест, сакаат луѓето „да продолжат да негуваат сочувство, храброст и дополнителна доза на љубезност во нивниот секојдневен живот“.

Само два дена пред нејзината смрт, Еман објави видео на TikTok во кое се појавува весела и насмеана. Видеото ја покажува како се дружи со пријатели, вози скејтборд и се качува по карпи, со наслов:

„Животот во последно време… дали е ова доволно добро?“

Еман Атиенца беше ќерка на Ким Атиенца, популен филипински водител и метеоролог, и неговата сопруга, бизнисменката Фелиција Хунг Атиенца. Нејзиниот дедо, Лито Атиенца, беше градоначалник на Манила.

Семејството сподели серија фотографии од неа на Инстаграм и им се заблагодари на сите за нивната поддршка, барајќи приватност додека се справуваат со нивната загуба.

Exit mobile version