Сообраќајката се случила на 14 септември во село Марино во општина Илинден, помегу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.36 години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско, пренесува Канал 5.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.25 години од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од Свр Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

Од партијата на пратеникот демантираат дека Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, и информираат дека моторциклот се забил во вратата на автомобилот.

-Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно, објави тогаш МВР.

Exit mobile version