Close Menu
Press24
    Најново

    По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби

    27.11.2026 во 21:54

    Со нож ѝ се заканил на жена пред кафетерија во Тетово и ѝ украл 4.000 денари

    27.11.2026 во 21:39

    Снежна бура ја зафати Чешка: Над 600 интервенции, 100 повредени, несреќи и илјадници домаќинства без греење

    27.11.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби
    • Со нож ѝ се заканил на жена пред кафетерија во Тетово и ѝ украл 4.000 денари
    • Снежна бура ја зафати Чешка: Над 600 интервенции, 100 повредени, несреќи и илјадници домаќинства без греење
    • Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда
    • Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка
    • Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември
    • Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
    • Густа магла на патот Тетово – село Лисец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби

    По тешкото повредување на 15-годишен ученик, Франција ја суспендира употребата на шок-бомби

    27.11.2026 во 21:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот директор на француската полиција, Луј Ложие, нареди привремена суспензија на употребата на шок-бомбата EF-SON за време на сите полициски операции, до понатамошно известување.

    Одлуката претставува проширување на претходното ограничување, кое се однесуваше само на протестите во средните училишта. Новата мерка опфаќа секакви оперативни ситуации, се наведува во телеграмата на генералниот директор на полицијата, до која имал увид францускиот весник „Фигаро“.

    Француските власти првично ја суспендираа употребата на овие средства на протестите во средните училишта, откако 15-годишен ученик го загуби едниот дел од раката во градот Ланс.

    Во Франција од септември се одржуваат протести иницирани од студенти и ученици, кои бараат поголеми инвестиции во образовниот систем. На протестите подоцна им се приклучија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот, барајќи повисоки плати и конкретни социјални и економски мерки од Владата.

    Синдикатите предупредуваат дека растот на трошоците за живот ја намалува куповната моќ на вработените, а голем број работници во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата. Според нив, досегашните разговори со француската Влада не донеле конкретни резултати.

    Францускиот премиер Себастијан Лекорни најави едномесечни разговори за пет области, меѓу кои и итни мерки за зголемување на минималните плати. Синдикатите, сепак, инсистираат на општо зголемување на платите, наместо мерки што ќе ги опфатат само најниските приходи.

    Прочитај повеќе

    Снежна бура ја зафати Чешка: Над 600 интервенции, 100 повредени, несреќи и илјадници домаќинства без греење

    27.11.2026 во 21:19

    Марта Кос: Албанија да се подготви за влез во ЕУ во 2030

    27.11.2026 во 18:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.